Најдобриот британски тенисер Енди Мареј се раздели со својот тренер Иван Лендл. Се уште не е позната причината за нивната разделба, но под негово водство шестиот тенисер во светот го направи најголемиот успех во кариерата.
“Вечно ќе му бидам благодарен на Иван за напорната работа со мене во претходните две години, кои беа најуспешни во мојата кариера” , изјави Мареј.
Мареј со помош на Лендл освои две грен слем титули, како и олимпиското злато на Игрите во Лондон во 2012 година. Со Лендл во ложата, Мареј се закити и со титулите на УС Опен и Вимблдон и стана првиот британец по 77 години кој го подигнал пехарот на овој турнир.