
Речиси го усовршивме новото хиперсонично оружје, коешто користи сосема нови материјали и системи за управување, што пак, работат совршено на нов принцип – во плазма. Овие разработки се неопходни во современата армија, заради натпреварот во научно-техничката револуција, изјави рускиот заменик министер за одбрана Јуриј Борисов за весникот „Звезда”.
Натаму, тој истакнува дека најновите системи на вооружување, пред се, се насочени кон поскоро откривање на противникот и негова побрза елиминација.
Руските власти, исто така, навестуваат и пософистицирано ласерско и електромагнетно вооружување.