
Министерот за одбрана Талат Џафери денеска ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на опрема донирана од САД.
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, военото аташе на САД, полковник Џефри Предмор, како и шефот на Канцеларијата за билатерална соработка на САД исто така ќе бидат дел од церемонијата која ќе се одржи во Техничко-ремонтниот центар Скопје, во населбата Ѓорче Петров.