Единаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени шест лица

сообраќајки

Сообраќајната полиција вчера санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, девет без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило. Казнети се и тројца возачи за прекршоци по разни основи, како и четворица возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 48 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила.