
За деталите околу новиот воз и заокружувањето на проектот за подобрување на железничките услуги, ТВ НОВА зборуваше со директорот на македонски железници и транспорт, Никола Костов.
-Денеска пристигнува петтиот електричен воз од новите шест возови, очекуваме да го ставиме во функција на релација Скопје-Гевгелија, Гевгелија-Скопје. Останатите четири возови сообраќајат на релациите Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово. Тоа значи дека со новиот воз и шестиот што ќе го добиеме на пролет ќе го покриеме и западниот дел од земјата, изјави Костов.
Тој додаде дека старите возови остануваат во функција и понатаму, а истовремено упати апел до патниците да ги чуваат и да не ги оштетуваат новите возови, зашто истите претставуваат стандард присутен во европските развиени земји.