Во КПУ „Затвор Идризово“ вчера била опожарена покривната конструкција на бараката на столарска работилница со површина од околу 20 метри квадратни.
Пожарот бил изгаснат, а причина за негово избувнување е неисправна електрична инсталација.
Случајот во полиција телефонски го пријавила екипа на Бригадата за противпожарна заштита вчера во 10.55 часот.