Редaкцијатa на City News од Тирана објави редакциски коментар зошто ДУИ треба да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ под наслов „10 причини зошто Албанците треба да одат со Груевски”.
Причините подолу се спомнати имајќи ја во предвид ситуацијата Трамп-Сорос или Ердоган-Гулен, политичкиот развој во САД и Русија како и тие од регионот помеѓу Косово и Србија, пишува City news. Во продолжение интегрално ги пренесуваме десетте точки во редакцискиот коментар.
- Имајќи во предвид дека војната помеѓу Трамп и Сорос е глобална и е слична на таа на Ердоган и Ѓулен, Албанците моментално не можат да излезат против американската администрација затоа што републиканците ги контролираат сите механизми на државата, а Заев е јасно на страната на Сорос.
- САД и Русија се спремаат за договор за Крим, Балканот и Сирија, Албанците не можат да излезат против Трамп и САД и да и им ја подарат на Србија и Русија соработката со САД, а да ги штитат Сорос и Заев.
- Србија има во план дестабилизација на Босна и Косово, а за ова работа му треба и една нестабилна Македонија која е надвор од НАТО, така што на Албанците им треба стабилност која во моментот може да ја донесат само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
- Србија го напаѓа Груевски преку Ивица Дачиќ и го посакува Заев на власт затоа што Србија и СДСМ секогаш биле стратешки партнери.
- Заев не се огласи за ниту една од точките на албанската платформа, иако зеде 70 илјади албански гласа.
- Заев со поткупот на 70 илјади албански гласа ја отвори полицата за масовна политичка асимилација, слична на југословенската, земајќи околу 70 илјади гласа кои во превод значат 8 пратеници, а истовремено ставајќи само двајца на изборната листа.
- Албанците во Македонија ги интересира зачленувањето во НАТО како битен стратешки фактор и само ВМРО може да најде заеднички јазик со Грција со посредство на американската администрација на Трамп со која Груевски е во добри односи, односно со заменик председателот Мајк Пенс.
- Груевски е ставен на чело на една регионална анти-Сорос војна во координација со новата американска администрација и една војна со Груевски него би го зацврстил, а Албанците регионално би ги ослабил.
- Балкан, Украина и Блискиот исток се меѓу првите приоритети на новата американска администрација и би било погубно за Албанците во првата година на новата администрација да се наредат на погрешна страна.
- Во Косовската војна ВМРО беше на страната на Албанците и на НАТО, го призна независно Косово и истовремено ја поддржи оваа држава во сите меѓународни иницијативи и би било неблагодарно да се изгуби ваков регионален соработник и да застанеме на погрешна страна.