Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе забрана за ловење диви птици.
Како што соопшти, забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на птичји грип.
Забраната за ловење диви птици стапува во сила веднаш и ќе трае до нејзино отповикување.