Дете се бори за живот на КАРИЛ, пронајдено во бесознание на патот Охрид-Ресен

Дванаесет годишно момче се бори за живот откако вчера било пронајдено во бесознание на патот Охрид-Ресен кај депонијата Буково.

Случајот во МВР  бил пријавен околу 16:50 часот. Малолетникот според полициските информации паднал и се удрил во депонијата Буково. Медицинска помош му е пружена во битолската болница, но поради тешките и сериозни повреди момчето е пренесено на КАРИЛ во Скопје каде се бори за живот.

Од полицијата додаваат дека работат на расветлување на случајот.