
Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.
Во соопштението се потенцира дека со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.
Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки, стои во соопштението од Адвокатската комора.