![107983000 дојран](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/107983000.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Поради штрајкот на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај, а на останатите гранични премини нема задржувања подолги од половина час за влез и излез од државата.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради врнежите од дожд сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има само на Попова Шапка, но засега тие не предизвикуваат проблеми во сообраќајот.