ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста треба да дознае и за малверзациите на Шилегов

Петре Шилегов е еден од најгласните манипулатори и борци против режимот, а за само две години успеа да си го зголеми личниот имот за преку 200 илјади евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на која се обрати портпаролот на СДСМ.

„Зошто Петре Шилегов одбива да одговори на следните прашања: Дали сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа? Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска, јавноста дозна за нејзините малверзации со кириите и јавноста треба да дознае и за малверзациите на Петре Шилегов, порачуваат од партијата.