Пристигна и шестиот воз, инвестиција вредна 25 милиони евра

Денеска пристигна и последниот воз за возниот парк на Македонски железници.

Со ова воедно се заврши процесот на пренесување на возовите и сега се очекува да поминат сите процедури за да можат истите да бидат пуштени во употреба.

Исто така потпишан е и договор за нови локомотиви, инвестиција во вредност о 8,7 милиони евра.

Паралелно се врши и реконструкција на железничките станици на коридор 10 кои се во завршна фаза.

voz2

Од кинеската компанија набавени се две електрични и четири дизел локомотиви кои ќе сообраќаат по најфреквентните линии и ќе заменат 60% од постојниот возен парк.

Набавката на шесте возови вреди 25 милиони евра. Со уште 10 милиони евра ќе се обноват дел од постојните вагони и локомотиви. Заедно со новите товарни вагони, во железничкиот транспорт се инвестираат вкупно 50 милиони евра.