Франгов: Во Гевгелија има само 582 невработени лица, најдобар резултат во Македонија

франгов

Општина Гевгелија е една од најпосакуваните дестинации за живеење во Македонија откри градоначалникот Франгов.

Ова зборува дека во нашето работење сме биле во вистинскиот пат и сме создале поволни услови за живот и бизнис клима. Бројот на невработени во општината е намален на само 582 лица, или само 4,59% и покрај светската економска криза, политичката криза, неколку пати закажани и откажани избори. И во такви сложени услови се реализираа многу проекти за кои порано не се ни помислувало да се опточат и што е уште позначајно без да се зголемат давачките на граѓаните, изјави Франгов.

Започнати се постапки за урбанизација во сите села, Гевгелија има над 500 државни градежни парцели за изградба на куќи.

На крајот на 2016 година сумираме дека изминатата година во Гевгелија биле продадени 21 парцела за изградба на станбени објекти и 5 градежни парцели за стопански капацитети. Да не беа прекините од работењето поради политичката криза сигурно ќе имаше и повеќе, објаснува Франгов.

Најголем дел од основниот буџет на општината оди за инфраструктурни проекти.

Во изминатата 2016 година, можеме да констатираме дека инфраструктурната слика за општината е значително подобрена. Само во 2016 година се изградени речиси 4 км нови улици, обновен е асфалтот на над 8.300 м2 улична површина. Бетонирани се 4.000 метри м2 улични краци и тротоари а со павер елементи се покриени на д 9.000 м2 тротоари и патеки во градот и населените места изградени се 2 нови кружни текови, рече Франгов.

За чистење на речните корита биле вложени речиси 23 милиони денари. Завршена е и изградбата на уште 1090 метри на одводниот канал Рауљ, проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција „АКВА М“ проект вреден над 300.000 евра.

Целиот отчет погледнете на го на следниот линк: