Претседателот Иванов денеска беше во посета на општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Куманово.
Жителите на овие општини го поздравија претседателот Иванов и неговите досегашни активности и изразија поддршка за натамошната негова работа.
На средбите со граѓаните македонскиот претседател беше запознаен со тековните и најавените проекти во рамки на овие општини.
Во разговорите со претседателот Иванов, жителите разменија мислења околу можностите и потенцијалите со кои располагаат овие населени места со цел унапредување на севкупните состојби и нивниот животен стандард.