
Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од втори овој месец година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март година.