
Според МВР, О.И. и оштетеното 14-годишно девојче почнале да се дружат минатата година. О.И. бил другар на братот на оштетената. Во летото 2016 на неутврден датум заедно биле на забава на Градскиот базен, а наредниот ден по претходен договор, со патничкото возило на О.И. отишле во Паркот на револуцијата, по што пријавениот извршил полови дејствија.