
Денес во Анкара, Истанбул и Измир се планирани демонстрации во знак на протест против одлуката на турската Влада да го блокира пристапот до „Твитер“, пренесе „АФП“.
Во почетокот на месецот властите се заканија дека ќе го забранат и пристапот до „Ју Тјуб“ и „Фејсбук“, откако на интернет се појавија записи од телефонски разговори на премиерот Ердоган во рамките на тековниот корупциски скандал.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се заканил дека ќе го укине „Твитер“ бидејќи обвиненијата за корупција во неговиот најтесен круг се шират по социјалните мрежи.