
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски, амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Рамеш, амбасадорот на Словачката Република, Мартин Безак и амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.