Грчките земјоделци се подготвуваат за протест во Атина

атина

Земјоделците од Грција ќе одржат средба со вицепремиерот Јанис Драгасакис и раководителствата на четири Министерства, од кои се надеваат дека ќе добијат одоговор за нивните барања во врска со мерките за штедење што беа објавени од страна на грчката Влада.

Демонстрантите планираат да ги започнат протестите утре во 13.00 часот на плоштадот во Атина и да се движат до грчкото Министерство за земјоделски развој и храна.

Утрешниот протест се организира, откако пред два дена преговорите со Владата не доведоа до компромис.