Турција: Уапсен осомничениот за планирање напад во клубот „Реина“ во Истанбул

А.С.

Уапсениот, чиј идентитет е означен со иницијалите А.С., е уапсен во операција на полицијата во Истанбул. Тој бил регистриран како жител на Анталија, но имал и француско државјанство, пишува весникот „Стар“, кој се повикува на соопштение на полицијата во градот Бурдур.

Истрагата ги разоткрила неговите траги од договорот за наем на апартман во квартот Есенјорт, каде на 17 јануари беше уапсен Машарипов.

А.С. живеел во Франција од 2009 година. На 10 јануари обвинителството во градот Бурдур почнала истрага против него и врз основа на собраните податоци за врските со Машарипов тој бил уапсен од полицијата во Истанбул.