ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје ќе добие спортска сала

спиро

По привремениот застој поради лошите временски услови, изградбата на објектот продолжи интензивно, а локацијата денеска ја посети и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој е задоволен од динамиката.

Новата спортска сала интензивно се гради за потребите на најстарото училиште „Кирил и Методиј“, кое е основано пред 180 години. Станува збор за исклучително значајно училиште во центарот на градот, во кое долг период немаше речиси никаков објект за спортски активности. Се работи за капитален проект во вредност од 32 милиони денари. Очекуваме во мај, објективно јуни, оваа сала да биде предадена на училиштето, а од септември следната учебна година учениците ќе може своите часови по физичко воспитание да ги спроведуваат во модерен спортски објект, изјави Ристовски по увидот на градилиштето.

фискултурната сала во О.У Кирил и Методиј

Додаде дека ова училиште продолжува да биде во фокусот на МОН потсетувајќи дека во него (заедно со ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром) четврта учебна година се спроведува меѓународната ИБ-програма.