Актерот Петар Арсовски, во јавноста познат како Кодошот, кој е дел од Комисиите на СДСМ и неуспешно беше носител на советничката листа на СДСМ за Скопје, преку пост на својот ФБ профил порачува ДУИ да се дисциплинирал со бомбите на Заев.
А да им понудиме на уценувачиве нешто “што не можат да го добијат“. Едно “бомбиче“, а?, напиша Арсовски.
Покрај Арсовски, пред неколку дена сериозни закани кон ДУИ упати и новопечениот пратеник Павле Богоевски.
Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?, напиша Богоевски меѓу другото.