![sunny-day](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/sunny-day.jpg?resize=690%2C414&ssl=1)
До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. утринските температури наместа ќе бидат негативни, најниски во вторник, од -6 до два степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, исто и дневните кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.