Тим на Катица пред Аневски треба да образложи зошто СЈО се откажа од „Пуч“

Тим на СЈО денеска на средба во Советот на јавни обвинители. Обвинителите треба да појаснат зошто СЈО се откажа од предметот „Пуч“ во кој обвинет беше и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Катица Јанева минатата недела имаше средба со претседателот на Советот за јавни обвинители, Петар Аневски кој по средбата кажа дека СЈО дополнително ќе појаснува зошто се откажале од „Пуч“ и дека ќе бараат увид во целата документација.