Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 степени.
До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во пораст. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.