
Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, седум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 12 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. Затекнати се 45 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 33 возила.