
ДУИ ја прифати верзијата на Законот за употреба на албанскиот јазик. Се очекува утре да ја донесе одлуката дали ќе влезе во владата. Од ВМРО-ДПМНЕ со став- нема да дозволат редефинирање на Македонија.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи рече дека има уште прашања што треба да се дискутираат, но оти е значајно дека е заокружена една значајна фаза.
Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крајот едногласно даде согласност за текстот. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе ги почнеме преостанатите делови за можната хармонизација на заедничка платформа за заедничко владеење, изјави Османи по седницата. Конечната одлука дали ќе му ги даде 10-те пратенички потписи на СДСМ е во рацете на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за оваа цел планира да го крши и Уставот. Тоа нема да го дозволиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Го потсетуваме СДСМ и секој друг којшто сака да се коцка со државните и националните интереси дека во Република Македонија има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за нив. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победија на изборите освојувајќи мнозинска поддршка и доверба од граѓаните, кои ја препознаа намерата на СДСМ за редефинирање на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев, денеснка од Сараево, пак, изјави дека е постигнат договор со албанските партии за клучните прашања, а новата Влада ќе биде формирана за 10-15 дена
Синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второ рангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, рече Заев.