
Од страна на сообраќајната полиција вчера санкционирани се 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло, а 16 возачи возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 31 непрописно паркирано возило.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 75 возила.