
-Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставуваме на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат, односно на раководството на СДСМ и албанските партии, се наведува во заедничкото соопштение.
Претседателот на Источниот плански регион Ратко Димитровски, рече дека тоа би било единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава некој да помисли да воведе такво нешто.
– Единствени сме и ќе се заложиме во сите нивоа да не помине такво нешто во законодавниот дом, истакна Димитровски.