Трамп на Твитер ја објави одлуката да не учествува на настанот, планиран за 29 април, на кој традиционално присуствуваат познати личности, политичари и новинари.
Тој им посака на учесниците на настанот се најдобро и добар помин.
Односите меѓу Трамп и медиумите се затегнаа, откако тој ги нарече „непријатели на народот“ и често пати ги критикува медиумите и конкретни новинари, чии известувања не му се допаѓаат.
Традицијата за таа вечера е основана во 1921 година и на неа претседателите имаат можност да одржат говор, полн со самокритичност, но и со можност да упатат критики до своите политички ривали.
Во 2011 година Трамп присуствуваше на вечерата и беше предмет на потсмев од тогашниот претседател Барак Обама.