
Најмалку пет лица се пренесени во болница денеска откако возач влета во група пешаци во југоисточен Лондон.
Лицето што управувало со автомобилот е уапсено, јави локалната полиција.
Лондонската брза помош соопшти дека лицата кои се пренесени во болница имаат повреди на главата, градниот кош и нозете.
Локалната полиција наведе дека нема знаци што покажуваат дека инцидентот има терористичка позадина.