
Исламисти од филипинската терористичка група Абу Сајаф убија германски државјанин кој три месеци го држеа како заложник на островот Холо, пренесе БТА.
Терористите објавија и видео од обезглавувањето на Јурген Кантнер (70), кој беше заробен минатата година на 5 ноември, на неговата јахта. Цената на откупот изнесуваше 600.000 долари, а рокот истече вчера.
Според извори во филипински воени власти, при грабнувањето, терористите ја застрелале неговата 59-годишна сопруга, поради отпор, по што телото го оставиле на палубата.