Само што се врати на зелениот терен, младиот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Стефан Ел Шарави заработи нова повреда и нема да биде во комбинација за игра до крајот на 2013 година.
Клупскиот доктор на седумкратниот европски клупски шампион потврди дека повредата која 21-годишниот напаѓач ја заработи на последниот натпревар од групната фаза во ЛШ, против екипата на Ајакс е од посериозна природа и истата бара мирување во следните две до три недели.
“Мислевме дека станува збор за некаква фрактура во неговата лева нога, но лекарскиот преглед покажа дека не станува збор за некаква фрактура. Има мал оток, но не смееме да ризикуваме. Стефан мора да одмара во следните 15-20 дена”, изјави клупскиот доктор на Милан.