
Големите жештини не се идеални за вежбање, но тоа не значи дека треба во целост да го исфрлите тренингот од рутината. Доволно е да се вложи повеќе напор во спалната соба, па со половина час секс игри да потрошите и до 144 калории.
Мисионерската положба ги зајакнува бутовите и задникот
Оваа варијанта на мисионерска положба ги зајакнува стомачните мускули, како и мускулите на карлицата и рацете. Жените треба да лежат на грб, нозете да ги свиткаат во колената и полека да се креваат со рацете од креветот.
Тоа ќе му овозможи на партнерот подлабока пенетрација и целосна контрола. Во таа положба жените можат да го обвијат партнерот со рацете, па така целата тежина да ја префрлат на нозете и со тоа да ги зајакнат бутовите и задникот.
Јавачка поза за стомачни мускули
Позата во која жената е главна и седи на партнерот и овозможува целосна контрола и поголемо уживање. Таа поза е идеална за вежбање на стомачните мускули и горниот дел од телото, а жените имаат поголема корист од неа отколку мажите.
Секс на ѕид – тренинг за раце, бутови и стомак
Сексот покрај ѕид е вистинска вежба за мажот, кој на тој начин ги вежба рацете, стомачните мускули и бутовите. Жената треба да се потпре со грбот на ѕид, а партнерот потоа да ги крене нејзините нозе и да ги обвие околку себе.
Кучешката поза е совршен тренинг за мажите и жените
Кучешката поза во која мажот е доминантен овозможува добар тренинг и за жените. Жената треба да се спушти на колена и раце, а за да остане во стабилна позиција треба да ги напне мускулите на рацете, нозете и задникот. Истото го вежба и мажот, а ако стои наместо на клечи, ќе ги извежба и нозете.