Земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран на две минути по полноќ, по локално време, во морскиот регион југозападно од островот Кефалонија и северозападно од островот Закинтос во Јонското Море, соопшти Сеизмолошкиот институт во Атина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 43 километри југозападно од гратчето Аргостоли на длабочина од седум километри.

Нема податоци за материјални штети или настрадани лица.