Опожарена градинката „8 Март“ во Шуто Оризари

градинка

Во градинката „8 Март“ во скопската општина Шуто Оризари ноќеска избувнал пожар, соопшти денеска полицијата.

Пожарот избувнал во 01:20 часот по полноќ, а бил изгаснат со девет возила на Бригадата за противпожарна заштита.

Полицијата соопшти дека се работи за голем пожар, а додека се гаснел, сообраќајот бил пренасочен.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.