Седми саем за венчавки од 17 до 19 март

Седмиот „Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 17 до 19 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми (како модели се познати личности) во елегантна атмосфера во холот на хотелот и свечен коктел. Саемот ќе се одржи во трите сали  на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Заштитно лице и водител на целата маифестација оваа година е дамата со стил Елена Стефановска. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.saem za vencavki

Влезницата за саемот е 70 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 18-19 март од 9 до 21 часот.

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, , модната куќа Елена Лука, Антонија Ристовска,Модна куќа Биљана, Атеље JZJ Couture by Zlatko Jovanovski” , Атеље за венчаници Пепика, Bianka Sposa, Атеље Матра, Драма Брајдл, Елизабет Дизајн,машка мода Сињори, Фешн тримс Дандел,Italian style by Tives, Цептер, , Casamento, Fancy Marriage, Декорации Висаж, цветни декорации Грација, Дуни, Ава Атеље, Ла Фере,Ботега,Мирор ме фото студио,Фото Бут , продукција за свадбена кинематографија Баба3д, , фото Ивама,Панајоти, Тајмлес фото,Палашев фото и свадбени букови,свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita,  ресторан Амор, ресторан Александар Палас, ексклузивен накит од Нина Бокс, накит Олимпија кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др.

На настанот ќе има десетина модни ревии, а за добрата шминка и фризура ќе се погрижат од центарот за едукација Ева.

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.mk. За подетални информации [email protected].