
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување возило под дејство на алкохол, а еден возач не отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Санкционирани се и 20 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и пет возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 52 возила.