
Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 68 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од вообичаениот има и на останатите мерни места на Вардар.
Слична е состојбата и со останатите реки кај кои се мери водостојот, а најголемо отстапување од просекот имаат Црна Река на мерното место Новаци, каде водостојот е понизок за еден метар и три сантиметри и Црни Дрим на мерното место во Ложани со понизок водостојот за 87 сантиметри од вообичаениот.