ФОТО: Македонскиот претседател во посета на Три Чешми

Претседателот Иванов денеска ја посети штипската населба Три Чешми, кадешто се сретна и поразговара со локалното население.

Пред претседателот Иванов беа презентирани тековните инфраструктурни проекти во и околу ова населено место. Во населбата се асфалтирани две главни улици.

Жителите на Три Чешми посочија на важноста за нив од најавената изградба на автопатот Миладиновци – Штип, чија траса поминува во близина на нивната населба.Автопатот е во должина од 47 километри, а предивдено е изградбата да биде завршена во 2016 година.