Странски окупатори, домашни предавници и лажни патриоти

Во својот граѓански тестамент од 2006 година пред да почине, писателот Петре М. Андреевски напиша:

Имам впечаток дека се’ што било пред шеесет, сто или двесте години, одново ни се повторува… Па и сега имаме (иако во друга констелација) две поларизирани струи мегу Македонците, чиј патриотизам, главно, завршува во нивните џебови.

Од античко време до денес македонскиот народ ги почитувал своите лидери, затоа и целта на странските окупатори секогаш била македонските лидери да бидат убиени, поткупени или подметнати како лажни патриоти.

Долг е списокот на убиените македонски лидери преку предавство како што се: Гоце Делчев, Јане Сандански, Кузман Јосифовски – Питу, Кочо Рацин итн.

Уше подолг е списокот на домашните предавници.

Најдолг е списокот со лажните патриоти.

Од осамостојувањето досега, предавниците и лажните патриоти го окупирале целиот македонски јавен простор. Партискиот систем ја уништува македонската држава. Уште полошо, на самиот почеток, од страна на странскиот фактор беа подметнати т.е. поставени лица-лидерите на главните македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Такви беа и првите тројца претседатели на Република Македонија, кои демонстрираа лажен патриотизам.

Во изминатите 25 години најголемиот македонски проблем е фактот дека ни фалат автентични лидери – во партии, организации, државни институции, во науката и уметноста. Тука има двоен филтер. Од една страна, на позиции се поставуваат партиски послушници во зависност дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ја имат власта. Од друга страна, самите партиски раководства и поставените премиери спроведуват нè македонска национална политика, туку ја спроведуваат политиката на своите надворешни господари, па преку нив таа политика се спроведува до сите институции и до своето членство. Затоа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на македонскиот народ му ветуваа едно, а друго спроведуваат т.е. тоа што ќе го добијат како наредба однадвор. Кратко кажано, прдат во вашингтонското и бриселското грне, а наводно се колнат во народот.

Во последните години разликата е во тоа што лидерите на СДСМ се прозиваат како македонски предавници, кои директно го уништуваат македонското име, македонскиот идентитет, македонскиот народ и држава. Тие можеме да ги поистоветиме со најодвратните македонски окупатори од минатиот век. Истовремено, раководството на ВМРО-ДПМНЕ наводно се бори со нив, но на несоодветен начин, кој дозволува уривање на македонската држава во сите правци. Власта која што ја имаат овие 10 години не ја користат за ништо со што би ги спречиле домашите предавници и нивните странски помагачи. Тоа е лажен патриотизам.

Денес копјата се кршат околу Законот за јазици од албанската платформа. Само што на 4 август 2008 година македонското Собрание во кое ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутно мнозинство (63 од 120 пратеници) го смени Законот за јазици и дозволи албанските пратеници на седниците ДА ЗБОРУВААТ АЛБАНСКИ. Истото тоа важи и кога тие се претседатели на седници, како и во другите работни тела на Собранието. На 16 јули 2011 година, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА се донесува дополнување на Законот, со кое се задоволуваат барањата на коалицискиот партнер ДУИ да се ЗБОРУВА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК на седниците во Собранието и на неговите работни тела, со важност и за министрите и за останатите функционери.

СЕТО ТОА Е НАДГРАДБА И ПРОШИРУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР. ДЕНЕШНАТА АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА БАРА МНОГУ ПОВЕЌЕ, НО ТОА НЕМАШЕ ДА БИДЕ ТАКА, АКО МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ ГИ СОТРЕА ОВИЕ ПРЕТЕНЗИИ НА САМИОТ ПОЧЕТОКОТ.

Моментно, кога македонските граѓани без разлика на пол, возраст, вероисповед, партиска и етничка припадност демонстрираат во одбрана на УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА, секојдневно од ВМРО-ДПМНЕ излегуват со контроверзни и навредливи ставови за македонскиот народ и држава. На пример, на 5 март ВМРО-ДПМНЕ изјави: „ЛЕГИТИМНО Е Зоран Заев и СДСМ да мислат дека платформата од Тирана е позитивна за земјата, но крајниот суд околу платформата треба да го дадат граѓаните“ и којзнае по кој пат ветува, дека ако СДСМ ја отфрли платформата „би му помогнале на Зоран Заев и на СДСМ да формират влада КАКВА ШТО САКАТ и покрај тоа што загубиле на изборите“.

КОЈ МУ ГО ДАВА ТОА ПРАВО НА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СИ ПОИГРУВА СО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ДА ГО ДАВА МАНДАТОТ НА СДСМ? ЗА ТАКВИ ЛИ КАЛКУЛАЦИИ И ШПЕКУЛАЦИИ ГЛАСАВМЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ? КОЈ ДАВА ПРАВО ДА СЕ ТОЛКУВА КАКО ЛЕГИТИМНО ПРИФАЌАЊЕТО ОД СДСМ НА СТРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, КОЈА ИМА ЗА ЦЕЛ ЗА НАШЕ УНИШТУВАЊЕ? САМАТА МИСЛА ДА СЕ ПОМАГА НА ОТПАДНИКОТ И ВЕЛЕПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ, ЗА ШТО И ДА БИЛО, А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ПРАВИ ВЛАДА, Е ИСТО ТАКА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО.

Наместо Заев и останатите странски марионети од СДСМ да бидат веднаш уапсени, а потписниците на платформата да бидат дадени на суд и нивните партии да бидат забранети во Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ кои сè уште ја држат власта, продолжуват да манифестират лажен патриотизам. Притоа, го ОСТАВААТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРГЕ ИВАНОВ САМ ДА СЕ БОРИ СО СТРАНСКИТЕ ОКУПАТОРИ И ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ, А ТИЕ СЕ ВО ДОСЛУХ СО НИВ. АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И НАРОДОТ ПРЕТРПАТ ПОРАЗ, ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ КАКО ПРОРОЦИ И МАЧЕНИЦИ, АКО НАРОДОТ ПОБЕДИ ПОВТОРНО ЌЕ САКААТ ДА ГО ЈАВНАТ.

Кога се зборува дека македонскиот народ мора сам да ја земе судбината во свои раце, тоа значи ДИРЕКТНО ДА ОДЛУЧУВА, а не преку досегашниот партиски систем. Тоа значи нè неколку партиски главатари, нè 20-ина фотелјаши од Извршен совет да носат одлуки во име на народот, а во суштина во име на нивните лични интертеси.

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ ЗАЧУВА КАКО УНИТАРНА ДРЖАВА САМО АКО:

Прво, веднаш да прекине со нејзините гробари од САД, ЕУ и НАТО

Второ, ако биде во сојуз со Русија и другите држави од БРИКС

Трето, ако објави воена неутралност и склучи стратешки договори за одбрана со Србија, Република Српска и Црна Гора (ако таа не биде внесена во НАТО), т.е. со држави кои се исто така загрозени како нас од албанскиот екстремизам и НАТО-вскиот фашизам.