Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес објавија денеска долгоочекуван предлог закон за здравствена реформа отфрлајќи голем дел од законот на поранешниот претседател Обама, познат како „Обамакер“.
Таа мерка може да резултира со намалена улога на владата во здравствената грижа и се очекува дека како последица, помал број Американци ќе имаат здравствено осигурување.
Комитет на Претставничкиот дом планира гласање за новиот закон в среда што може да покрене клучна овогодишна расправа во Конгресот при што успехот на републиканците не е сигурен со оглед на внатрешните поделби.