Генералниот секретар на ОБСЕ Заниер ќе ја посети Македонија

– Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во среда и четврток ќе ја посети Македонија.

Според најавите, Заниери се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.