![133603799](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133603799-5.jpg?resize=640%2C374&ssl=1)
Од МВР информираат дека настанот кај нив е пријавен вчера околу 4:35 часот.
Имено, две засега непознати лица дошле со возило на улицата „Пуштанска“ во Скопје и започнале расправија со Г.Б., по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон него нанесувајќи му прострелна рана во пределот на десната надколеница и други повреди.
Напаѓачот избегал со возилото, а повредениот бил пренесен во ГОВ „Св.Наум Охридски“ каде му се контатирани тешки повреди и се наоѓа во животна опасност.