Британскиот весник „Гардијан“ тврди дека поголем дел од парите, наменети за бегалците во Грција исчезнале, за што ја обвини грчката Влада.
Весникот нагласува дека од 2015 година на Грција и биле доставени 803 милиони долари за справување со миграциската криза и оти во тие средства биле вклучени и други капитали.
„Гардијан“ цитира висок претставник на Европската комисија, според кој доколку сите овие средства во износ од 803 милиони долари би се потрошиле за потребите на 1,03 милиони бегалци, колку што влегле и минале низ Грција, трошоците за еден бегалец во Грција би се процениле на 780 долари.
Сепак поголемиот дел од тие средствата се потрошени за потребите на 57 илјади лица, блокирани во земјата, по затворањето на границите на 9 март 2016 година, што значи дека трошоците изнесуваат 14.088 долари за бегалец.
Според „Гардијан“ на секои 100 долари за бегалец, 70 долари се изгубени, што е знак за лошо управување со тие средства