Ле Пен и Фијон обезбедија потписи за претседателските кандидатури

Лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН), Марин Ле Пен и претседателскиот кандидат на конзервативната партија Републиканци, Франсоа Фијон ги обезбедија потребните 500 потписи на избрани претставници, за да можат да ја официјализираат нивната кандидатура за претседтел на Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Аспирантите за претседателските кандидатури имаат рок до 17 март да ги достават потписите до Уставниот совет, кој по извршената проверка, три дена подоцна ќе ги соопшти имињата на кандидатите кои ќе учествуваат во трката за претседател.

Првиот круг од претседателските избори во Франција е закажан за 23 април, а вториот е предвиден за 7 мај.