
СДСМ денеска преку соопштение побара претседателот Ѓорге Иванов да даде мандат за составување влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.
– Програмата на новата реформска влада ја гарантира унитарноста на државата и обезбедува развој и напредок на земјата. Затоа Ѓорге Иванов е должен да го почитува Уставот, да го даде мандатот на претседателот Заев, кој обезбеди 67 потписи за формирање влада и да овозможи мирен трансфер на власта, се вели во соопштението од СДСМ.
Граѓаните, стои во соопштението, побараа нови реални политики кои ќе им овозможат достоинствен живот, повисоки плати и квалитетен животен стандард.