Во петокот во Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. “172” во Скопје има починато дете, М.С.(3), според кажување на луѓето кои живеат во куќата детето починало од пад од скали. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
По извршена обдукција врз починатото дете констатирано е дека станува збор за насилна смрт и дека истото починало поради претепување. Од страна на МВР прземени се мерки за расчистување на случајот при што приведени се сите лица кои живеат во куќата на споменатата адреса и по извршени разговори со истите констатирано е дека можен сторител на делотот е Џ.Б.(34) којшто живеел во истата куќа со починатото дете.
По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство” а против неговата сопруга Ј.М.(25) за кривично дело “помагање во извршување на кривично дело”.