Охриѓанка со фалс банкнота од 1 000 денари пазарела во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Р. (27) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 17.01.2017 година во продавница во Битола пријавената платила со фалсификувана банкнота во апоен од 1.000 денари.

Од извршената анализа од страна на НБРМ со акт од 22.02.2017 година е потврдено дека предметната банкнота е фалсификат – стои во полицискиот билтен.